среда, 16 август 2017 | Вести денес: 82 ново

(Видео) Како од апокалиптичен филм: Снимки од опожарено место во Далмација

Далмација цел ден е во пламен, а вечерва огнот влезе и во Сплит. Огнот кој вчера вечер почна во селото Тугаре над Омиш денеска се прошири кон Сплит. Цел ден хрватските новинари сведочеле за апокалиптични сцени од Горно и Долно Ситно, Срињино и Жрновница.

Малoбројните пожарникари во Сплит уморни цело попладне молеле за помош. Попладне им се приклучила и војската, па и канадерите, кои цел ден не можеле да полетаат поради бурата.

По повеќечасовна битка со огнената стихија, пожарот е скротен на повеќе места. Помагале и граѓани, но факт е дека најмногу помогнало тоа што запрела да дува бурата, која беснеела со денови.

Според новинарите на хрватски „Индекс“ од терен, патот кон Кареповци е затворен, а тоа што го оставил огнот таму личи на апокалиптични филмови. Изгорени автомобили, далноводи, па дури и изгорени камења на патот. Изгорела и една куќа, а сè мирисало на запален отпад.

Top