четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 126 ново

Шок во Саудиска Арабија: Девојка прошета во мини, издаден налог за нејзино апсење

Млада Саудијка направи голем метеж на интернет откако постави фотографии на кои се гледа како шета во мини здолниште и куса маичка во едно место кај Ријад.

Девојката предизвика сензација и ја подели јавноста. Сајтовите поврзани со владата соопштија дека властите на оваа конзервативна држава бараат правни мерки против оваа жена, а на Твитер веќе се појави налог за нејзино апсење.


Снимката која прво се појави на Спапчет, прикажува жена како шетља низ празното историско кале во ушајагер, село крај Ријад, во регион каде живеат дел од најконзервативните саудиски племиња.

Жените во Саудиска Арабија во јавноста мора да носат долга и широка облека, најголем број од нив ги покриваат косата и лицето со црно платно иако за странските официјални посети се прават исклучоци.

Top