недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 41 ново

Доктори во шок: Користела еднодневни леќи, ги заборавала во очи

Докторите останале вчудоневидени кога на една жена додека ја подготвувале за операција на катаракта, во очите и нашле околу 27 контактни леќи. 67- годишната пензионерка воопшто не знаела што и пречи во нејзините очи, а непријатноста ја припишувала на староста.

-Никој од нас до сега не видел вакво нешто- посочил британскиот офтамолог, кој опишал дека тоа била огромна маса, дека сочивата се залепиле.

-Бевме изненадени за тоа што пациентката ништо не забележала, бидејќи веројатно тие предизвикувале силна иритација- додава лекарот.

Жената употребувала леќи за еднократна употреба во последните 35 години, но не одела на редовните контроли. Иако леќите биле зад очите веројатно со години и собирале бактерии, таа минала без посериозни последици. За нејзиниот случај пишува и специјализираниот „British Medical Journal“.

Top