недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 68 ново

Не ги кревајте цените, тоа е погубно за Скопје: Трајановски до угостителите

Не ги зголемувајте цените, тоа би било погубно за Скопје, апелираше скопскиот градоначалник Коце Трајановски до сопствениците на угостителските објекти. Ние сме дел од тимот кој што е задолжен за организирањето на Суперкупот. Имаме свои задолженија, претежно инфраструктруни, односно околу сообрќајните знаци, околу чистењето на улиците, околу билбордите, околу фанзоните, посочи тој во гостувањето на Телевизија Алфа.

Градот континуирано работи за да може да ги заврши сите работи пред одржувањето на Суперкупот.

-Ги интензивираме комуналните претпријатија за градот да биде почист, поубав, да биде позелен, да има повеќе цвеќиња. Минатата недела чистевме околу Арената „Филип Втори“, околу Вардар, кејот на Вардар- посочи Трајановски.

Апелираше до сите сопственици на угостителски објекти да не ги зголемуваат цените, бидејќи со тоа ќе одвратат навивачите да не доаѓаат во Скопје.

-Гледаме по медиумите дека се повеќе почнуваат да бараат алтернативно сместување, па некои дури бараат сместување во Солун. Тоа ќе биде многу лошо и погубно за Скопје- потенцира Трајановски.

Тој, исто така, апелираше и до рестораните и кафулињата, цените да бидат нормални какви што се сега.

 

Top