понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 15 ново

Русија ќе ги забрани рекламите на ТВ и на радио

Во руската Дума е предложен нацрт- текст за закон со кој би се забранило емитување на реклами на телевизиите и радијата во ден недела од шест наутро до полноќ. Во објаснувањето се наведува дека недела е ден кога луѓето се одмараат, да можат да гледаат филм или емисии, а никој да не ги прекинува со агресивни реклами.

-Сите тие реклами ги потсетуваат луѓето на проблеми, на болести со кои човештвото се соочува и едноставно ги иритираат- вели пратеникот Игор Лебедев, еден од авторите на текстот за законот.

Втор аргумент за укинување на рекламите е дека во недела децата најмногу гледаат телевизија споредено со работните денови.

„Преку викендот децата вклучуваат телевизор или радио штом се разбудат. Познато е дека свеста кај децата се формира додека се мали, па затоа и токму најмладите се под влијание на рекламите, што воопшто не е позитивно“, стои во образложението.

Авторите на нацрт законот се повикаа и на истражување кое е неодамна спроведено во Русија каде се наведува дека над 80 насто од граѓаните на Руската федерација смета дека рекламите на телевизиите одземаат премногу време.

Top