вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Чавков: Спасовски да престане да се заканува на вработените во МВР (видео)

Полициските службеници и граѓаните знаат дека имаше неколку пати корекција на платите на вработените во Министерството за внатрешни работи. На два пати имаше по 5 проценти, требаше уште еднаш на 5 проценти да се корегира платата на полициските службеници, односно да се зголеми, но еве гледаме дека наместо тоа имаме обратен процес, кратење општо на средствата. Рече поранешниот директор на бирото за јавна безбедност Чавков во денешното интервју во дневникот на ТВ Нова.

Го прочитав соопштението кое беше доставено до Синдикатот и ја поздравувам таа активност односно иницијативата на Синдикатот, тоа е линија на градење на правна сигурност на вработените во Министерството за внатрешни работи, односно почитување на системот на кариера и на сето она што е предвидено во системот на кариера во Законот за внатрешни работи. Не знам по кои процедури, по кои стандарди, по кои правни принципи го нашле модусот да ги повикуваат луѓето, да им се закануваат, да им нудат места пи две три скалила по доле од нивното хиерархиско ниво и да ги условуваат, или ќе прифатите или ќе ве решиме на друг начин, ќе имаме нова систематизација тогаш нема простор за пазарење, истакна Чавков.

Според Чавков ваквиот начин на работење на владата на СДСМ е доказ за непрофесионализам, класична партизација на сите нивоа. Тој смета дека ваквиот однос на СДСМ без транспарентна одлука да се воспоставуваат партиски послушница на раководни позиции е штета за институцијата и за безбедноста на граѓаните. Нивната работа нема да се сведе на ништо друго освен на непрофесионално работење.

Top