понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

МНР: Нема евакуирани македонски државјани

Интензивните врнежи што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави на патиштата особено на патот Лариса- Кожани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде во Торони, Порто Куфо Тристиника дојде до поплавување на паркинзите и заглавување на десетина туристи. Овие лица се евакуирани од грчките органи, велат од македонското министерство за надворешни работи.

Конзулатот во Солун примило повик од едно семејство кое летувало во Торони, но истите не се во опаснозагрозувачка состојба. Во конзулатот функционира дежурен мобилен телефон  00306987200410 на кој може да се јават македонски државјани во случај на потреба.

Според МНР, меѓу евкуираните немало македонски државјани.

Top