понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 15 ново

Чавков: Со кратењето на буџетот за МВР ќе страдаат проектите за реформи на полицијата

Најголемиот дел од кратењето на буџетот е во МВР и морам да кажам дека е зафатена ставката која се однесува на реформи во полицијата. Во тој контекст, јас би сакал да кажам дека во последните две и пол години и покрај длабоката политичка криза, ние како Министерство за внатрешни работи имавме иницирано неколку клучни проекти за функционални реформи на МВР и во тој контекст и за Бирото за јавна безбедност, изјави во гостувањето во ТВ Нова поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

-Овие проекти беа со европско знаме, и покрај сите опструкции за одвивање на овие проекти, ние успеавме да ги извадиме до крај иако имаше апсолутна незаинтересираност по влегувањето во Пржинската влада итн., со продолжувањето на политичката криза- вели Чавков.

Тој појасни дека предвидувањето на тој износ на пари во буџетот бил за да се отпочне со имплементација на сето тоа што е утврдено во стратегијата и во акциските планови.

-Клучни проекти се: стратегија за развој на БЈБ 2017-2020 година и другиот проект е национален проект за консолидација на системот за безбедност, кој исто така е развиен во минатата година, но буџетот беше планиран за негова понатамошна операционализација- рече Чавков.

Според Чавков, во овие два клучни проекти се вклучени и препораките од извештајот на Прибе.

-Во овие два клучни проекти коишто беа предвидени, коишто беа развиени и за коишто беа предвидени овие буџетски средства, токму тука се предвидени и препораките, односно и реализацијата на препораките од извештајот на Прибе, но не само тоа, многу други прашања се развиени и се регулирани во овие стратегии и во овие акциски планови, така што многу повеќе од функционални реформи кои излегуваат надвор од самите препораки на Прибе- рече Чавков.

 

Top