недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 31 ново

Тетовец во кома, роднини го претепале за имот

77-годишен тетовец e во кома откако негови роднини го истепале поради нерасчистени имотно-правни односи.

Според полицијата, вчера околу 10,30 часот, на ул.„Железничка“ во Тетово,  во подрумска просторија од куќата сопственост на М.Ј.(77),  дошле тројца негови роднини, со кои ја делел куќата.

Роднините, поради нерасчистени имотно-правни односи, веднаш физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а едно од лицата го удрил со тврд предмет во пределот на телото, од што М.Ј. паднал во бессознание.

Повредениот е пренесен во Клинички центар -Тетово. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Top