петок, 18 август 2017 | Вести денес: 2 ново

24 годишно момче се задушило од ќесичка со марихуана

Дваесет и четиригодишно момче загина поради давење од пластична ќесичка со марихуана, откако сплитската полиција на фестивалот „Ултра“ го привела под сомнение дека поседува дрога.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 20:30 полициските службеници му пришле на момчето за да го идентификуваат. Се сомневале дека поседува дрога, а момчето почнало да бега. Малку потоа тој бил фатен и му биле ставени лисици. Заедно тргнале накај полициското возило со цел да биде пренесен во полициска станица.

Во тој момент момчето се онесвестило и било одведено во болница, каде што е утврдена смрт.

Според хрватските медиуми, момчето проголтало пластична ќесичка со марихуана додека бегал од полицијата. Таа му се заглавила во грлото, а полицајците не можеле да ја извадата и тоа било сторено дури во болница, но било прекасно.

Станувало збор за мала количина марихуана.

Top