четврток, 20 јули 2017 | Вести денес: 82 ново

Поради временските неприлики утрешната претстава на „Охридско лето“ ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“

Бидејќи целава земја е зафатена од воден бран голем број настани кои беа предвидени во туристичките центри, но и оние кои беа дел од богатата културна програма се презакажани. Така и утрешната претстава која е на програмата на „Охридско лето“ ќе се игра на затворен простор.

-Поради временските неприлики невообичаени за овој периот од годината, ниските температури, ветерот и можноста за врнежи од дожд,  кои деновиве ја зафатија Македонија,  Ве известуваме дека  театарската претстава „Име“ на НУ Театар Комедија, Скопје,  која беше закажана за утре во 22:30 во Предворјето  на црква Св. Софија ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот, велат од Фестивалот.

Додаваат дека жалат за временските неприлики кои не само што го зафатија Охрид, туку и поширокиот дел од земјава и се извинуваат на публиката за настанатата промена со која утрешната  претстава „Име“ се префрла во  Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток од 21:00 часот.

Top