четврток, 20 јули 2017 | Вести денес: 74 ново

Комарците ве касаат само вас? Еве зошто е така…

Колку пати досега сте помислиле дека комарците ве касаат само вас, а другите луѓе околу вас, целосно ги игнорираат?!

Несомнено е дека некои поединци повеќе се привлечни за комарците, заради хемикалиите кои ги излачува нивната кожа. Експертите велат дека овие неколку фактори се најверојатно причината зошто комарците ве исцрпуваат.

1 Бременост

Телото на бремени жени произведува повеќе топлина, која ги привлекува комарците. Покрај тоа, бремените жени издишуваат јаглерод диоксид, кој исто така, ги привлекува комарците.

2 Пот и непријатни мириси

Научниците велат дека постојат човечки мириси кои комарците ги одбиваат и тие кои ги привлекуваат. Пот и смрдеа дефинитивно ги привлекуваат.

3. Крвна група

Според научниците, крвна група 0 е речиси два пати повеќе привлечна за комарците од крвна група А.

4 Пиво

Дури и едно пиво може да ве направи привлечни за комарците, се претпоставува дека причината е зголемената количина на етанол во потта.

5. Боја облека

Впечатливите бои како сината, црвената или жолтата, ќе направат комарците полесно да ве детектираат.

Top