петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 33 ново

Крстевски до Александар Поповски: Сите глупости кои ги предлагаш ќе ги снема кога народот на клоци ќе ве истера од власта

Гледам Александар Поповски го заговара се она што го заговараа неговите идеолошки пријатели од сдс. Па ќе му порачам се што ќе срушите, пренамените, преименувате и сли., сите крокодили и лулашки и сите глупости кои ги предлагаш ќе ги снема кога народот на клоци ќе ве истера од власта, пишува на својот ФБ профил Бојан Крстевски како реакција на колумната на режисерот близок до СДСМ и активист на „шарените платеници“, Александар Поповски.

Поповски во својата колумна бара отстранување и пренамена на проектот Скопје 2014, на што Крстевски кoментира:

-Ќе направите само дупли трошоци и за пренамена и рушење и потоа за враќање во сегашната состојба. Пишуваш полн со себе, како да сте дошле на власт и 100 години ќе бидете. Како да си судија кој сега ќе суди кој е криминалец и кој има или нема вкус, а си еден обичен серко и дуваџија кој кога ќе се надува лета во облаци и пишува политика. Часовникот до вашето паѓање незапирливо тече. Такви ебиветровци како ти, такви умислени и самовљубени типови со нереално високо мислење за себе, ќе конкурирате во иднина за луѓе со најидиотски изјави кога се градеше Скопје. Кога некој хроничар од дистанца ќе го анализира ова време.

Top