четврток, 20 јули 2017 | Вести денес: 82 ново

Федерер најголемата поддршка ја има од семејството

Роџер Федерер секогаш ќе се споменува како најдобар играч во историјата на тенисот, не само поради играта и генијалноста која ја прикажува низ сите овие минати години, туку и поради резултатите и успесите кои ги остварува на своја 35-годишна возраст. Федерер за три недели ќе полни 36 години, но тоа не го спречи на крајно доминантен и незаборавен начин да стигне до осмата рекордна титула на Вимблдон, не дозволувајќи му на Марин Чилиќ да се понадева на победа во ниту еден момент од мечот.

Инаку, најзаслужен за неговата поддршка за време на турнирот беше неговото семејство. Неговата сопруга Мирка заедно со нивните четири деца постојано го бодреа Федерер од трибините. Седумгодишните близначки Шарлин и Мајла и тригодишните близнаци Лео и Лени го украдоа вниманието на целата тениска јавност со што непрестано навиваа за нивниот татко.

Top