петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 86 ново

Исус ја преживеал оваа сообраќајка

Човек кој се вика Исус за чудо ја преживеал оваа сообраќана незгода

Возач кој за чудо ја преживеал оваа сообраќајна несреќа на автопат во Флорида е главна вест во светските медиуми поради името – тој се вика Исус. Исус Ескобар.

Исус управувал со сивиот автомобил кога возачот на камионот пред него изгубил контрола над волант, удрил во банкината и се ревртел. Камионот превезувал метален отпад и еден огромен дел од од цевка, доволно тежок буквално да смачка автомобил завршил на покривот на автомобилот на Исус и тоа директно врз возачкото место.

Како што се гледа на фотографиите, покривот е целосно смачкан и речиси не постојат шанси некој да преживее. Никој освен Исус.

И не само тоа, не само што ја преживеал оваа сообраќајка, Исус од неа излегол без повреди. Само малку е нагмечен.

Медиумите пишуваат дека се работи за вистинско чудо, а со тоа се согласува и сопругата на исис, Арисели.

-Тој е татко на три деца, благословен е што е жив, изјавила сопругата за Еј-би-си њуз.

И воачот на камионот поминал со полесни повреди и морал на самото место да плати казна за неодговорно возење.

Top