петок, 18 август 2017 | Вести денес: 2 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека СЈО е политички инструмент и истите се срамат од него

СЈО е продолжена рака на СДС. Тоа го видовме со секој еден случај кој тие го отворија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесуваше на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за изведба на градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има за цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ. Целосната постапка за изградба на музејот на македонската револуционерна борба е спроведена согласно закон, јавно и транспарентно, истакна Дарко Костовски.

СЈО, додаде тој, исто како и во другите случаи води нарачана хајка против ВМРО-ДПМНЕ со политички театар, за да обезбеди материјал за медиумите под контрола на СДС за креирање на негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите проекти и сите постапки се работени според законите. Истите беа ставени на увид од страна на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска како секој би можел да има увери во постапките. Граѓаните видоа дека сите случаи, без исклучок беа дел од организираната хајка против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство, кои се последниот бедем за одбрана на државните и националните интереси. СЈО е мрачна страница на македонското правосудство. Граѓаните гледаат дека СЈО е политички инструмент и истите се срамат од него, подвлече Костовски.

Top