сабота, 23 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Тиват гори-се спроведува евакуација на населението (Видео)

Во црногорската приморска општина Тиват утрово е сепроведена евакуација на дел од населението поради големиот пожар што избувна ноќеска околу 3 часот.

Досега со бродови се евакуирани 100 лица, но околу 20 други одбиваат да ги напуштат своите домови.

Во регионот на Подгорица, исто така, избија неколку пожари, чијшто број до синоќа достигна 33.

Црногорските пожарникари успеаја да ги заштитат објектите и покрај силниот ветер.

Синоќа, исто така, изгоре големо складише со површина од околу илјада квадратни метри, каде што е направена материјална штета од околу два милиона евра

Top