понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 17 ново

Барди денеска треба да го финишира трансферот во Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска и официјално го финишира трансферот во шпанскиот прволигаш Леванте!

23-годишниот Барди веќе е во Леванте каде по лекарските прегледи треба и официјално да потпише договор со повратникот во шпанската Примера дивизија.

Барди меѓу понудите од Видеотон, Штутгарт и Динамо Загреб, се одлучи да ја прифати онаа од Леванте, пред се поради желбата да настапува во Примера дивизија.

Трансферот од Ујпешт во Леванте, според најавите, ќе изнесува 1,5 милиони евра а унгарскиот тим, според договорот, ќе добие и 10% од следниот трансфер на Енис Барди.

Фудбалерот од средниот ред беше најдобиот македонски репрезентативец на Европското првенство за играчи до 21 година кое ова лето се одржа во Полска. Претходно во својата кариера, покрај за Ујпешт, има настапи и за младинската екипа на дански Бронди, како и за шведскиот нисколигаш Преспа Бирлик.

Top