петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

„Кралот“ Федерер стана вториот најстар тенисер кој го освоил Вимблдон

Роџер Федерер одигра магичен тенис на турнирот на трева Вимблдон и докажа дека е како виното – што постар, толку подобар. Со освоениот трофеј, „Федекс“ испиша историја и стана најстариот освојувач на престижниот турнир во последните 87 години.

Федерер се закити со престижниот трофеј на неофицијалното тениско Светско првенство на 35 години и 11 месеци, со што стана најстариот тенисер кој го освоил овој турнир, по Бил Тилден, кој во 1930 година стана шампион на 37 години.

Швајцарецот на тронот го наследи Артур Аше, кој на 31 година успеа да го крене трофејот на Вимблдон во 1975 година.

На патот до трофејот, Федерер без ниту еден загубен сет успеа да ги совлада Александар Долгополов, Душан Лајовиќ, Миша Зверев, Грегор Димитров, Милош Раониќ, Томаш Бердих и Марин Чилиќ.

Top