недела, 18 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Елиф Елмас пристигна во Истанбул (видео)

Македонскиот фудбалски вундернкинд Елиф Елмас доцна синоќа пристигна на аеродромот во Истанбул, заедно со својот татко, и со агентот Никола Ѓошевски, кој го реализира овој мега-трансфер на играчот на Работнички во турскиот гигант Фенербахче.

Елмас на аеродромот беше пречекан и од турски телевизиски куќи, кои се обидоа да ги добијат и првите негови импресии во пресрет на потписот за новиот клуб. Тој треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа и да потпише повеќегодишен договор со Фенербахче. Тој на својот профил на Твитер изрази благодарност и за досегашниот клуб Работнички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top