понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 53 ново

„Политико“: За три месеци Трамп потрошил 300. 000 долари за адвокати

 

Во периодот од април до јуни 2017 година екипата на Доналд Трамп потрошила приближно 678.000 долари за правни консултации, соопшти списанието „Политико“, повикувајќи се на финансиските податоци добиени од екипата на шефот на државата, пренесе ТАСС.

Расходите за правници, правени од блиските луѓе на Трамп, суштински се зголемиле откако се истражува интервенцијата во претседателските избори во САД, што и се припушува на Русија.

Во текот на првото тримесечие од годината за адвокати биле потрошено 249.300 долари. А од почетокот на својата претседателска кампања Трамп за правни услуги потрошил вкупно над 4,5 милиони долари.

Американскиот шеф на државата го најмил авторитетниот адвокат Тај Коб да ги брани неговите интереси во врска со претпоставените контакти со руски официјални лица. Вработен во вашингтонската адвокатска канцеларија „Хоган Ловелс“, Коб ќе му помага во оваа дејност на личниот адвокат на шефот на државата Марк Касовиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top