недела, 21 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Куманово – 14 повредени

Четиринаесет повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево на делница од автопатот Табановце – Куманово. Во сударот учествувале еден автобус и два автомобили, објави Телма.

Во несреќата две лица со потешки повреди и се префрлени на клиниките во Скопје, а другите се хоспитализирани во болницата во Куманово. Од МВР засега нема детали како дошло до сударот кој се случилоколу 17.30 часот на клучката од автопатот со магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top