сабота, 20 јануари 2018 | Вести денес: 8 ново

Решено е: Роналдо донесе конечна одлука дали ќе игра во Скопје

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, нема да му биде на располагање на Зинедин Зидан за Суперкупот на 8. август кој ќе се одржи во Скопје, но затоа ќе се врати веќе на 13. истиот месец, кога Реал игра против Барселона во Ел Класико.

Роналдо доби краток одмор по обврските со селекцијата на Португалија на Купот на конфедерации, а наскоро ќе замине за Јапонија, каде го чекаат обврски со спонзорите.

Но Роналдо се враќа во Шпанија за натпреварот со Барселона на „Камп Ноу“, во рамките на шпанскиот куп, од каде буквално ќе тргне и бурната сезона во Примера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top