понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 17 ново

Стружанец починал на гости во Охрид

Во куќа на улица „Гоце Делчев“ во Охрид синоќа во 22:30 часот починал Ќ.Ф (62) од струшкото село Лабуништа.

Како што информира МВР, тој бил на гости кај Б.Б. (51) каде му се слошило и паднал на подот. Од страна на лекар од Медицинскиот центар-Охрид констатирана е смрт.

Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Top