недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 84 ново

Пожари беснеат во Црна Гора: Сообраќајот блокиран, пламенот достигнува и до 30 метри висина (Видео)

Голем пожар изби денес попладне зад Делта, а пожарникарите во Подгорица се обидуваат да ги заштитат куќите од огнот.Како што објави ЦМД, ситуацијата е критична. Сообраќајот зад Делта е блокиран. Покрај овој пожар, голем пожар има и на Марези каде огнот го гаснат три екипи. Влезот во Подгорица од правец на Никшиќ е блокиран, па полицијата ги враќа возилата назад преку Марези.

Пожар има и во селата Црнци и Лопате. И на овие места загрозени се голем број домаќинства, а четири противпожарни екипи се справуваат со пламените јазици.

Кон Бигово во тек е евакуација на еден дел од населението поради пожар кој нагло се распламтил и со молскавична брзина се ширил поради ветерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top