петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Федерер по осми пат го освои трофејот на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер по рекорден осми пат е победник на Грен слемот Вимблдон.

Швајцарецот попладнево во финалето на убедлив начин со 3-0 го совлада Хрватот Марин Чилиќ.

Финалето го одбележа проблемот на хрватскиот тенисер со плускавци на левата нога поради што не можеше да пружи максимум, па Федерер полесно од очекувањата славеше со 6:3, 6:1 и 6:4.

Воедно Федерер изби сам на листата најуспешни на Вимблдон со осум трофеи, еден повеќе од Пит Сампрас и Вилијам Реншо.

Во кариерата ова беше 93. титула и петта годинава за Швајцарецот кој сега има вкупно 19 Грен слем трофеи.

Утре, на најновата АТП ранг листа, Федерер со новите бодови ќе избие на 3.место потиснувајќи го Новак Ѓоковиќ на 4.позиција.

Top