среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 73 ново

Се ожени српскиот принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ

Во Опленац вчера  се венчаа принцот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ и Британката  Фелон Рајман.  По црковната венчавка  Белата палата организираше прием за повеќе од 300 гости од земјата и од странство.

На свадбата на принцот Ѓорѓе, син на починатиот Томислав Караѓорѓевиќ и принцезата Линде, присуствуваа  кралското семејство, преставници на Владата и на Собранието на Србија, на српскиот јавен живот, како и странски дипломати.
Домаќини на церемонијата  беа принцот Александар Караѓорѓевиќ и принцезата Катарина кои им посакаа на  младенците среќа во бракот.

-Ви благодариме што сте со нас  на овој посебен ден кога го славиме бракит меѓу  Фелон  и Ѓорѓе. Тие сега си ветија дека ќе го поминат заедничкиот живот  во љубов, хармонија и взаемно почитување,  изјави принцот Александар на церемонијата.

Младиот пар веќе имаше една свадбена церемонија во Шкотска во јули минатата година.

 

Top