петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 86 ново

Секс на сон? Ова е значењето

После 30 години проучување и повеќе од 100.000 анализирани соништа психологот Јан Валас тврди како сонувањето за секс е повик на големи промени.

Потсвеста само ви порачува дека морате нешто да превземете. Секој кој се појавува во секс-соништата , е дел од посебноста на сонувачот. Луѓето со кои во сон ќе се најдете во кревет ја имаат особината која и вие ја сакате. Дали е тоа нежност, љубезност или амбициозност…Психологот објаснува како потсвеста го алармира сонувачот дека за него е важно да ја развива токму таа доблест.Но соништата за секс можат и да упатуваат и на емотивни празнини. Соништата за групен секс не се знак дека сонувачот „полудел„ од валкани фантазии и страсти. Потсвеста јасно дава на знаење дека ни недостасува нужната потпора од партнерот, семејството,колегата..Во различните фази на животот на жените се повторуваат соништа во кои некој ги прогонува. Тоа значи дека имаат проблем кој се обидуваат да го турнат под тепих. Но потсвеста ги повикува да го освестат и решат-вели др. Валас.

Во кревет со бившиот

Да се најдеш под чаршафите со бившиот не значи дека страдате по него , туку потсвеста со тоа ви порачува да прекинете со старите обрасци на однесување за да не ги повторувате грешките од бившата врска.

Сексот со пријателот

Не е предупредување дека го гледате со други очи.Станувате свесни дека ќе морате да поработите на себе за да ги развиете талентите кои тој или таа ги има.  Сексуални партнери во соништата можат да бидат и луѓе кои ви се одбојни во вистинскиот живот. Но потсвеста, без грам срам, ви порачува дека некоја особина ви е сепак привлечна.

Ни страствената ноќ во прегратката на најдобриот пријател на сопругот не е најава за можен скандал. Таквиот сон открива дека сакате сопругот да ги има особините на најдобриот пријател. Можеби тој човек е добар ви нешто што на вашиот партнер не му поаѓа од рака. Поразговарајте за тоа, вели др. Валас.

Ист пол

Ако сонувате секс со партнер од ист пол, тоа може да биде збунувачко. Но тој значи дека станувате потолерантни кон овој вид на однесување што порано не ви се допаѓало.

Секс со славните

Сонот за сексот со славните ја открива вашата желба широката јавност да стане запозната со талентите кои ги поседувате и делата кои ги правите за да добиете за тоа заслужена пофалба.

Со симпатијата

И сонот за сексот со симпатијата може да значи дека навистина ви се допаѓа, но многу е поверојатно дека во кревет сте завршиле поради некоја негова или нејзина особина која се уште не сте подготвени да ја развиете самите. Но ако се разбудите во пот поради сексот во јавноста, нема причина за пусто анализирање. Едноставно, објаснува психологот, копнеете вашата врска, долга или кратка, да ја одобрат и прифатат другите.

Со странец

Странецот го симболизира обидот на криење на таленти поради кои ви е помалку незгодно пред другите луѓе, а возможно е ни сами да не сте потполно свесни.

Изневерување

Сонувате ли дека партнерот ви е неверен, тоа не е ѕвоно за узбуна, туку веројатно дека сте несигурни во сопствената сексуалност и привлечност.

Сон за секс со вампир или вонземјанин

Тоа е повик на будење на вашата креативност. Сторете нешто невообичаено бидејќи личниот развој е возможен кога ќе ја напуштите рутината.

Семејството

Иако најнепријатен од сите, сонот за секс со членот на семејството за Валас  е сосема нормален. Повторно, се сведува на тоа дека и се восхитувате на карактерот на таа особа.

Top