среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 34 ново

Фатално- Секси дадилки кои растурија славни бракови (фото)

Многу славни бракови пукнаа заради врска на татковците со убави и секси дадилки. Некои од нив завршија со развод, дел од сопругите ги надминаа неверствата, а повеќе од сигурно е дека има и такви кои дебело наплатиле за да молчат пред јавноста.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек

Кога после 10 години брак и три децa решија да се разведат сите беа во шок. Подоцна американските медиуми пишуваа дека причина е токму дадилката. Од ПР тимот на парот велеа дека ова се измилици, но дел од американските магазини ја уловиле дадилката покрај базен во скап хотел и тврдеа дека тоа Бен и го платил за подоцна таму да се сретнат.

 Гвен Стефани и Гевил Росдејл

Нивниот брак важеше за еден од најскладните, но одеднаш соопштија дека се разведуваат. Брзо се појавија информации дека причината е дадилката на нивните синови и дека за тоа Стефани ја опоменале нивни заеднички пријатели. Од бракот кој траеше 13 години тие имаат три сина.

Ума Турман и Итан Хок

По пет години брак се разведоа во 2005 година, а тој набргу по разводот е ожени со дадилката. Од бракот со Ума имат две деца, а бракот со дадилката уште трае и со неа Итан има уште две деца.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер

Арни со дадилката доби и дете, а таа и неговат сопруга се породија во разлика од неколку дена. Тоа се случило пред 15 години. Но, кога пред неколку години тајната беше откриена на јавноста, Марија поднесе барање за развод.

Top