четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 103 ново

Јавните претпријатија на Скопје на терен во пресрет на Супер купот

Јавните претпријатија на Град Скопје интезивно работат на терен во пресрет на Супер купот на УЕФА, што ќе се одржи на Националната арена „Филип Втори“ на 8 август, информираат од Градот.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на просторот околу Градскиот Парк и централното градско подрачје, на одржување на зеленилото и чистотата, чистење и одржување на Кејот на Реката Вардар, како и одржување и поставување на нова урбана опрема, во вид на клупи и корпи за отпадоци.

Од Град Скопје соопштија дека ЈП „Комунална хигиена“ работат на чистење и одржување на хигиената, каде изминативе денови интензивно со луѓе и механизација се чистеше просторот околу арената „Филип Втори“ и централното градско подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top