петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

„Зошто се фотографираш со црнец?“- Прашање по кое е Срби убија Американецот на Закинтос

 

„Зошто се фотографираш со црнец, покрај толку Срби“ прашал еден од српските момци, како што грчките медиуми ја пренесуваат девојката чие име не се објавува. Неколку грчки медиуми веќе стапиле во контакт со српската хостеса поради која почнала тепачката на Закинтос, Грција, во која загина 22-годишен американски турист.

Сртбинката  изјавила дека неколку момци од Србија ја прашале зошто се фотографира со црнец, на толку многи Срби наоколу. Потоа еден од нив го удрил сега починатиот Хендерсон, а тој му скршил шише од главата.

Девојката изјавила дека во меѓувреме, пред да започне инцидентот, таа била некаде настрана со тројца американски туристи, а кога се вратила, Бакари Хендерсон лежел облеан во крв, со видливи знаци на насилство. Еден од Американците се обидел да му помогне.

Пред извесно време и редар од клубот раскажал слична приказна за веб-порталот „Прото Тема“. Според него, еден од Србите со заканувачки тон ја прашал девојката „Зошто се дружиш со американци“, а кога почнале да се туркаат, жртвата со лакт ја удрил по грешка. Редарот бил вклучен во инцидентот бидејќи бил повикан да ги раздели и тој самиот признал дека го удрил Хендерсон, но по телото, не по главата.

„Кога излегов, група Срби го удираа по главата и телото“, изјавил тој за „Прото Тема“.

Top