недела, 21 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Земјотрес во Скопје – епицентарот на 5 км од центарот

Земјотрес од 3 степени е регистриран денеска во 12 часот и 44 минути во скопското епицентрално подрачје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентар на земјотресот е на 5 километри западно од централното подрачје на град Скопје.

Потресот е почувствуван од граѓаните на Скопје, претежно на западниот дел од градот.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е почувствуван и на македонско – косовската и македонско – српската граница.

Вчера и ноќеска земјотреси имаше во Охрид и Преспа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top