среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Најпаметниот паричник го измислија група паметни Македонци

Паричникот „Торн“ е производ на тим млади македонски експерти од технологијата, дизајнери и аналитичари на податоци, кој ќе го смени начинот на кој гледате и ги користите паричниците.

Една од главните функции на овој паричник е GPS, кој ви овозможува да го лоцирате паричникот на точна локација преку апликација и да го активирате алармот на вашиот паричник, во случај да го изгубите или доколку го изгубите вашиот телефон – да го вклучите алармот на телефонот за да го пронајдете.
Но, функцииите на Паметниот Thorne Wallet не завршуваат тука, тој ви дозволува исто така, преку Wi-Fi опцијата да пренесувате податоци во него или од него. Преку апликацијата специјално направена за Thorne можете дирекно да гледате филм или да ја слушате вашата омилена музика. Паричникот „Торн“ содржи технологија која ви овозможува полнење без кабел и поседува хард драјв од 32 до 128GB.

Со секој паричник следува и хибриден кабел кој можете да го користите и за Android и за iOS, односно, еден кабел за сите уреди.

Во денешно време секој користи телефон, а со тоа доаѓа и ограничувањето на животот на батеријата. Заборавете ги деновите кога морате да носите преносна батерија, преносен тврд диск за податоци, лични и бизнис кредитни картички со страв дека можете да ги изгубите или вашите податоци да бидат украдени. Нашиот тим го има решението за сите овие проблеми од секојдневниот живот, во еден едноставен производ. Thorne Wallet се дизајнирани и развиени да содржат моќна батерија од 5.000 mAh, со дебелина од 1cm, а се изработени се од високо квалитетна кожа во која се вметнати RFID заштитни слоеви, кои служат за заштита при крадење на податоци од вашите кредитни картички – вели Александар Манасиев, менаџер во Thorne Technologies Inc.


Од 12 јули и официјално е пуштен во продажба паричникот „Thorne“, а за првите 250 купувачи цената ќе биде за 40% пониска.

Top