вторник, 19 септември 2017 | Вести денес: 98 ново

Бифтеците и ајкулите ќе им излезат на нос: СДСМ се пресметува со ДУИ преку фискални сметки и провладини медиуми

Заев донел одлука да се троши месечно за гозби 13 илјади евра, годишно до 156 илјади евра. Премиерот, вицепрмиерите, министрите без ресор, генералниот секретар, другите именувани функционери, како и членовите на обезбедувањето во Владата, отсега ќе смеат да трошат по 30.000 денари месечно по ресторани и кафеани, владата со премиерот има вкупно 26 субјекти, или 13 илјади евра месечно, односно 156 илјади евра годишно ќе ги чинат ручеците на граѓаните

Во недостаток на вести за реформи, инвестиции, нови вработувања, 500 км патишта… медиумите под контрола на Роберт Поповски со денови се занимаваат со фискални сметки од ручеци и вечери. Она што отвора поростор за сомнеж дека во бракот од интерес меѓу СДСМ и ДУИ се помалку има интерес од едната страна е тоа што Телма, Фокус, Нова ТВ со денови буричкаат по чиниите на функционерите на ДУИ.

Ручек од по 500 евра, коњско и телешко месо, морски салати, лагуни и ајкули биле на менито кое го јаделе министрите од ДУИ кои продолжија во коалиција со СДСМ.

Телма објави дека сегашниот заменик-министер за одбрана Беким Максути, кој е на таа функција од април минатата година за 14 месеци потрошил 420 илјади денари за ручеци. По две илјади евра потрошил за сместување и ресторан во Белгија и Велика Британија, а 300 илјади денари за ручеци во рестораните Бос и Гурмет.

Илми Селами неговиот претходник потрошил 163 илјади денари, или 2600 евра за ручеци и тоа во Мираколи, Калабрија и Бурими.

Телма објавува дека и Арбен Лабуништа од ДУИ и поранешен заменик-министтер во 2015та платил 1400 евра за ручеци и репрезентации.

Фокус објави дека министерот за образование Адеми во 2015 година овозможил да бидат потрошени 4.000 евра за такси услуги од вработените надвор од работното време, дури 88.000 евра биле испалтени за гориво без налози за користење на автомобилите за службени дејствија.

Поранешниот министер Адеми со соработниците потрошиле околу 450 евра во Словенија за влез во Постојнската јама и за толкувач од словенечки јазик. За хотелско сместување во земјава, и тоа најмногу во хотели со категорија од 5 ѕвезди биле исплатени 14.000 евра.

Во последните три години биле потрошени народни пари за репрезентација – за службени патувања, за луксузни ручеци, за тајни вечери, за хотели со пет ѕвезди, за такси, за гориво. Во 2015 година, кога министер беше Абдулаким Адеми, Министерството за образование за репрезентација вкупно потрошило 123 илјади евра.

Како изгледал еден ручек на Адеми во ресторанот Воденица платен од граѓаните на Македонија.

Провладината Нова ТВ објавува дека се јадело од кашкавал строго италијански – парче пекорино 250 денари. Пинџур и ајвар чинеле 260 денари. За две салати од рукола Адеми платил 540 денари. Прво мезеле бифтек таљата од 1.300 денари, на тоа додал и бифтек на жар од 1.300 денари, орада на жар од 750денари. Дури и лебот на Адеми не бил од евтините со адитиви, па за три корпи леб се дале 450 денари. На крајот се нарачал и десерт од 74 денари – крем карамел, топло ладно, печена тиква. Оваа вечера за двајца до тројца луѓе чинела 8.190.

ТВ Нова објавува дека државниот секретар во Министерството за информатичко општество, пак, Јахи Јахија, потрошил над 3 илјади евра во 2016 година за угостителски услуги. Тој јадел во ресторанот „Букет“, како и во две кафеани во Липково и во Куманово, а сметките што ги правел во еден ден, се движат од 2 илјади до 24 илјади денари.

За голем дел од трошоците на Јахија не ни беа доставени фискални сметки за да се види што точно било нарачувано, а на една од сметките може да се види дека државниот секретар во март минатата година потрошил 8.350 денари за 10 килограми лешници и индиски ореви.

Пред некој ден Спасовски објави сметки од МВР кои покажува дека се јадело коњско месо, бифтеци од бизон, најразличен дивеч. Не изостанува ниту морската храна, како шкампи, јастрози, октоподи и најразлични спрецијалитети. Индикативно е што нема свинско месо што упатува на можноста дека голем дел од храната била трошена од кадри на ДУИ. Ова укажува дека на сомнежот дека можеби напукнува коалицијата и уште на почеток СДСМ покажува кој е главен во коалицискиот сојуз.

Заев донел одлука да се троши месечно за гозби 13 илјади евра, годишно до 156 илјади евра.

Премиерот, вицепрмиерите, министрите без ресор, генералниот секретар, другите именувани функционери, како и членовите на обезбедувањето во Владата, отсега ќе смеат да трошат по 30.000 денари месечно по ресторани и кафеани, владата со премиерот има вкупно 26 субјекти, или 13 илјади евра месечно, односно 156 илјади евра годишно ќе ги чинат ручеците на граѓаните.

Top