петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Несторовски ќе биде новиот капитен на Палермо

Најдобриот голгетер во клубот за минатата сезона, Илија Несторовски, за кого Ѕампарини сега има подготвена нова улога во новата сезона, со која се надева дека ќе го задржи во Серија Б. Тој на италијанските медиуми им порача дека Несторовски ќе биде капитен на Палермо во сезоната во која тимот ќе атакува на експресно враќање во елитната лига

Сопственикот на италијанскит клуб Палермо, Маурицио Ѕампарини, се уште е во потрага по странски капитал во сицилијанскиот клуб, откако пред извесно време пропаднаа преговорите кој ги имаше со привремениот претседател Бакалјини.
Бидејќи сопственикот на сицилијанскиот клуб најави решение на оваа тема во блиска иднина, одлучи да се огласи и за актуелните ситуации во тимот.
Една од нив секако е иднина на најдобриот голгетер Илија Несторовски, за кого Ѕампарини сега има подготвена нова улога во новата сезона, со која се надева дека ќе го задржи во Серија Б. Ѕампарини на италијанските медиуми им порача дека Несторовски ќе биде капитен на Палермо во сезоната во која тимот ќе атакува на експресно враќање во елитната лига, бидејќи само така ќе добие дополнително на лидерство со оглед на перформансите кои ги прикажа во првата сезона.
Немам дилема за блиската иднина, Несторовски ќе биде новиот капитен, а Рисполи ќе биде вториот капитен. Исто така се надевам дека ќе можам да доведам уште еден шампионски играч во Палермо до крајот на преодниот рок, – истакнал Ѕампарини за „Жорнале ди Сицилија”.

Top