петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 86 ново

Опожарена штала со добиток во Драчево

Штала со добиток и два кубни метри дрва се опожарени во населбата Драчево во oпштина Кисела Вода. Причинета е материјална штета, но нема повредени лица.

Како што соопшти МВР вчера во 14:10 часот од страна на дежурен од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во дворното место на Б.Ф (1942) на улицата „Герника“ била опожарена шталата во која имало добиток, два кубни метри дрва, мотор за вода „Томос“ и 1  мотокултиватор.

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во тект на денешниот ден.

Top