понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Скандал во МВР: Партизација на полицијата со кукавичка наредба полициските службеници да бараат саморазрешување

Раководни лица од Министерството за внатрешни работи испратиле писма до полициски службеници, инспектори и началници, во кои им наложуваат самите да поднесат барање до Министерството да бидат поставени на пониски позиции, индормира Македонскиот полициски синдикат.

„Доколку не поднесат барање, ќе биле разрешени на поинаков начин, понеповолен за нив“, стои во соопштението испратено од синдикатот до средствата за јавно информирање.

Ваквото постапување е во спротивност со нормите пропишани во Колективниот договор на МВР и Законот за внатрешни работи, потенцираат од Синдикатот, кој е подготвен во целост да застане во одбрана на интересите на членството.

Оваа практика за распоредување на полициски службеници на неколку работни места подолу или погоре во хиерархијата на МВР е практика која ја воведе Оливер Спасовски уште во времето кога беше технички министер.

Спасовски продолжи со партизацијата во МВР: Разрешени високи полициски функционери

 

Top