среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 73 ново

Хаос, 200 хулигани тргнале на Бајага во Сплит

Додека Бајага и Инструктори настапувале во Сплит, група од 200 хулигани се обиделе да направат немири и да го прекинат концертот, но полицијата реагирала на време. Хрватските медиуми пренесуваат дека група мажи се обиделе да го прекинат традиционалниот концерт на манифестацијата „Сан сустипанске ноќи“, но навреме биле забележани и не дошло до инцидент.

-Нивниот план бил да предизвикаат хаос на концертот на Бајага, па понесе и солзавец, факели и Молотов коктел. Тргнале кон паркот Сустипан, но полицајци и специјалци патрорирале по целиот град, па ги растерале. Сепак, колку што знам, никој од нив не е приведен на информативен разговор, изјавила новинарка на Слободна Далмација за Курир.рс.

Менаџерот на групата изјавил дека музичарите не ни знаеле дека полицијата реагирала.

Top