сабота, 23 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Животот покажува заби: СДСМ најавува блокирање сметки, извршители и присилна наплата

Веќе видовме дека СДС нема абер да ја укине радиодифузната такса иако тоа им го вети на граѓаните во предизборието. Она што го зборуваа Дамјан Манчевски и Радмила Шекеринска изпадна дека се празни зборови, а последиците од нив ќе бидат присилна наплата на заостанатите сметки и блокирање на сметките на граѓаните кои не се раздолжиле верувајќи дека СДСМ ќе ја укине наплатата.

На официјалната страница на УЈП, на чиешто чело од неодамна е Сања Лукаревска, висок функционер на СДСМ и дел од Шарената револуција, објавено е предупредување за граѓаните и фирмите кои имаат неплатена РДТ до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе започне со постапки за присилна наплата.

Граѓаните се револтирани и прашуваат дали живот значи блокирани сметки и извршители. Дали СДСМ на изборите победи за да ги заплашува граѓаните и да удира по нивниот џеб.

ВМРО-ДПМНЕ побара по скратена постапка преку измени на Законот за медиуми укинување на радиодифузната такса, но парламентарното мнозинство одби.

Top