петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 111 ново

Анѓушев ги помешал милионите и милијардите: Србија е таа која добива најмногу, а не Македонија

Ден по четвртиот самит на земјите на западен Балкан во Трст, финансиски епилог - Србија добива повеќе од 2 милијарди евра за кредитирање на патната и железничка инфраструктура, реконструкција на четири клинички центри, а ќе има пари и за мали и средни претпријатиа, проекти наменети за деца, мигранти…

Ако во нешто се покажа успешна новата влада, тоа сигурно е политиката на популиза и давање ветувања бесз покритие. истот ака, не ѝ недостасуваат и лажни изјави пред медиумите со кои сака да собира политички поени кај граѓаните.

По завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека Македонија е најголем добитник со добиени 70 милиони евра.

-Од вкупните пари, 40 отсто се грант за Македонија, иако таа е само една од шесте земји, а по број на жители е една од помалите. Што значи дека ако одиме по жител, Македонија е навистина победник во оваа фаза од поддршката на Берлинскиот процес, рече Анѓушев.

Анѓушев ова се обиде да го прикаже дека биле препознаени реформските процеси и новиот дух на Владата, која откако дојде на власт почна да ретерира од ветувањата за минимална и просечна плата, не води никаква грижа за земјоделците кои секојдевно по патиштата ги фрлаат своите производи, а единствено што досега направи е вдомување на партиските кадри во државните институции.

Сепак ова е уште еден обид со популизам, како што е случајот со моменталната политика на новата власт на блокирање на сите проекти кои ги отпочна минатата влада за подобар живот на граѓаните, само за да се прикаже се лошо од нив. Според пишувањата на српската медиуми, најголем добитник по самитот во Трст е Србија, која добива повеќе од 2 милијарди евра, што е скоро 30 пати повеќе од она што Македонија го доби.

„Ден по четвртиот самит на земјите на западен Балкан во Трст, финансиски епилог – Србија добива повеќе од 2 милијарди евра за кредитирање на патната и железничка инфраструктура, реконструкција на четири клинички центри, а ќе има пари и за мали и средни претпријатиа, проекти наменети за деца, мигранти…“, пишува српски Блиц.

Во однос на останатите земји од регионот, Србија доби најмногу пари за кредитирање, меѓу останато како што вели Дубравка Негре, шеф на канцеларијата на инвестиционата банка за Западен Балка, „за Србија е наменет поголем дел од парите како најголема земја во регионот“, пишува Блиц.

Анѓушев кажа дека овој грант кој Македонија го добила е за градба на делот од пругата кон Бугарија, а тоа го претстави како некој преголем успех. Додека за нашиот северен сосед, ќе бидат дадени пари за изградба на автопати, за реконструирање на четири клинички центри, пари кои ќе бидат искористени како свеж капитал во бизнисот.

Србија на почетокот ќе добие 50 милиони евра од Европската инвестициона банка, наменети за кредитирање на обнова на клиничките центри во Србија. Реконструирани ќе бидат клиничките центри во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагујевац. Вкупната вредност на овој проект е повеќе од 400 милиони евра, од кои половина ги финансира ЕИБ, пишува Блиц.

Во Трст министерката за сообраќај на Србија, Зорана Михајловиќ разговарала за финализација на договорот за пакет проект тежок 300 милиони евра. Проектната документација е спрем, а штом кредитот биде одобрен и одобрен во Парламентот, ќе се почне со реализација на изградбата на првиот дел, од Ниш до Плочник (автопат Ниш-Мердаде-Приштина), вредна 230 милиони евра, а во комбинација со грантот од Инвестицискиот дел за Западен Балкан, средства од ЕИБ и пари од буџетот на Србија. Инаку работите на тој проект „автопат на мирот“, во должина од 77 километри, чија проценета вредност за изградба е околу 850 милиони евра, би требало да почнат во втората половина на 2018 година, пишува во текстот на Блиц. Во текстот исто така пишува и дека се обезбедени пари, кои како свеж капитал ќе може да влезат во фирмите.

Граѓаните порачуваат дека е време новата Влада да не шири лажен популизам туку да се фати за работа, бидејќи сите чекаат укинување на радиодифузната такса, за која денеска се најави дека ќе почне да биде насилно наплатувана од страна на УЈП. Граѓаните бараат минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000, а не лажење од страна на функционерите во Владата.

Top