петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 84 ново

Работнички во третото коло може да се сретне со Тричковски и Мојсов

Македонскиот претставник во Лига Европа, екипата на Работнички, го доби можниот противник во третото квалификациско коло во најмасовното клупско натпреварување.

„Романтичарите“ влегоа во ждрепката како носители, а ако го минат Динамо Минск, со кого ремизираа на првиот натпревар во Скопје (1-1), ќе се соочат со подобриот од двомечот меѓу АЕК Ларнака (Кипар) и Корк Сити (Ирска).

Првиот натпревар во Ирска заврши со победа на кипарскиот колектив (1-0) во кој настапуваат двајца македонски репрезентативци – Даниел Мојсов и Иван Тричковски.

Првите мечеви од третото коло во ЛЕ се играат на 27 јули, додека реваншите се на 3 август.

Top