сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Во третото коло Шкендија на мегдан против Норчепинг или Тракаи

Екипата на Шкендија во случај на пласман во третото квалификациско коло од Лигата на Европа ќе се сретне со Норчепинг или со Тракаи. Македонскиот вицешампион има предност од 3-1 по првиот дуел со Хелсинки, а доколку избраниците на тренерот Османи ја одбранат оваа позитива, во следниот дуел ќе се сретнат со подобриот од двомечот Норчепинг – Тракаи. Швеѓаните барем на хартија се фаворити, но на првиот меч на домашен терен славеа само со 2-1, па Тракаи има шанси на реваншот во Литванија да приреди изненадување.

Првиот натпревар Шкендија би го играла на гостински терен на 27 јули, а реваншот би бил на програмата на 3 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top