понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 17 ново

Мисајловски:Требаше многу да се направат добри проекти за добивање на грант од ЕУ за инфраструктурата

-Сакам јавно да им се заблагодарам на сите вработени во министерството за транспорт и во другите институции што помогнаа и вложија максимум минатите години за да спремиме апликација за добивање на грант од ЕУ во делот на инфраструктурата- напиша на својот ФБ профил, поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

-Требаше многу време да се направат добри проекти за аплицирање и многу подготовка и работа во самата постапка за да добиеме 70 милиони евра неповратен грант, иако имавме доста проблеми и предизвици во апликацијата сепак со работа на сите заедно сега може да се пофалиме дека средствата ќе бидат одобрени.

Добивавме добри сигнали од сите страни дека ќе се одобрат заслужените грант средства но мораше да се формира влада за официјално да се соопшти, иако разни експерти не тераа да аплицираме за многу помал износ од средства јас и вие одлучивме да одиме на максималниот износ што треба да го добиеме за доизградбата на железницата на Коридорот 8 и тоа се случи. Со помислата ако не аплицираме за што поголем број на средства нема да можеме да се надеваме на најдоброто за нас но сепак со добра работа и квалитетни луѓе се се може.

Секоја чест на сите, ова е наш/ваш успех и продолжете вака бидејќи Македонија и граѓаните заслужуваат многу повеќе – напиша Мисајловски на ФБ.

Top