понеделник, 21 август 2017 | Вести денес: 48 ново

Селфи позирањето не е причина за убиството на Закинтос, нови детали ја откриваат вистината

Еден од осомничените за претепување до смрт на Американецот во Закинтос денеска ќе даде исказ пред истражен судија, вели неговиот бранител Зора Добричанин Никодиновиќ.

Таа вчера допатувала на Закинтос и го посетила Ранковиќ во притвор.

– Веднаш од аеродромот отидов во полиција и речиси три часа разговарав со Душан и ја подготвував одбраната. Односот на полицаецот и кон мене и кон него беше феноменален – рекла адвокатката.

Таа меѓутоа напоменала дека правата на странците во постапката кај нив во Србија значајно подбро се почитуваат отколку во Грција, бидејќи досега во списите на предметот не постои ниту еден документ на српски јазик иако одбраната инсистирала на тоа, а е во согласност со Европската конвенција за човекови права.

Добричанин вели дека нејзинот грчки адвокат кој е во постапката од првиот ден е многу колегијален и заедно со него ја подготвува одбраната.

По разговорот со бранителот Добричанин пренела дека кобната ноќ се почнало не поради банално селфи, како што е претставувано досега, туку, како вели, покојниот Американец со полно шише го гаѓал и удрил во глава Душан Ранковиќ по средина на челото.

– Од силниот удар шишето се скршило и му нанело уште неколку повреди по лице од што на него му „паднал мрак на очи“- целата глава му била облиена во крв, и како последица на тоа добил потрес на мозокот, навела адвокатката, додавајќи дека и девојката, со српско потекло, која била покрај него во клубот исто така обилно крварела – дополнува адвокатката.

Според нејзини зборови, се што следи потоа може да се опише со зборовите „на погрешно место во погрешно време“.

Инаку тројца Срби ќе се бранат од слобода со кауција од 500 евра, а петмината уапсени, меѓу кои е и еден Грк, еден Србин од Босна со британски пасош и тројца српски државјани, добија притвор од почетокот на судењето.

Тие ќе бидат префрлени во затвор во местото Авлон околу 50 км оддалечени од Атина.

Top