петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 83 ново

Работнички ќе игра во квалификациите за ФИБА Европа Купот

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги објави имињата на клубовите, кои од наредната сезона ќе земат учество во Европа Купот.

Од Македонија, единствен претставник ќе биде тимот на Работнички, кој ќе биде во шеширот на клубовите носители.

Во првата квалификациска рунда (Q1) се сместени 22 клубови од кои точно половина ќе им се приружат на деветте кои ги чекаат во втората квалификациска рунда (Q2). Во втората квалификациска рунда ќе бидат формирани 10 парови. Победниците од овие 10 пара ќе обезбедат пласман во регуларниот дел од ФИБА Европа Купот. Ним ќе им се приклучат и 22 екипи кои нема да обезбедат пласман во регуларниот дел од Лигата на шампиони.

Првиот натпревар од Q1, македонскиот учесник Работнички ќе го одигра на 20 септември на гостински терен додека реваншот на домашен терен ќе се одигра седум дена подоцна. Натпреварите од втората квалификациска рунда ќе бидат одиграни на 4 октомври, односно на 11 октомври.

Ждребот за паровите од квалификациските рунди ќе биде одржан во Минхен, но датумот дополнително ќе биде одреден.

Top