понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 17 ново

Данев: СДС прави ребаланс на буџетот со кој ги крати сите средства во делот на образованието

Буџетот за образование со ребалансот се крати за 20 милиони евра, тоа одделно значи дека во сите делови почнувајќи од основно, средно па до високо образование имаме кратење на буџетските средства и ова е доказ дали се работи за една реформска влада која пред изборите ветуваше одредени реформи и инвестиции во образованието, вели Драган Данев на денешната панел дискусија „Подобри и различни: ВМРО-ДПМНЕ ги зголемуваше, а СДС ги намалува финансиите во образованието“.

-По само 40 дена на власт СДС прави ребаланс на буџетот и оди во кратење на сите ставки во делот на образованието, а ова ни даде за поттик на утрешната седница да предложиме информација за ново настанатите состојби во образованието и кратењето на буџетот. Ова кратење на буџетот се отсликува директно врз некои инфраструктурни работи кои треба да се започнат  или некои да се завршат во делот на образовната инфраструктура. На пример во населбата лисиче ВМРО-ДПМНЕ вети ново училиште, а по ребалансот на буџетот нема предвидено средства за тоа училиште, исто така во општината Студеничани се предвидуваше основно училиште, но таму нема предвидено средства исто како и кај Димитар Македонски во Лисиче. Реконструкцијата на домот Гоце Делчев нема да продолжи бидејќи нема предвидено средства, додека да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт двата блока ќе започнеа да се реконструираат, порача Данев.

Тој ги повика надлежните да дадат одговор зошто не се предвидени средства за сите овие проекти во образованието.

-Јас верувам дека ќе наидеме на сериозно разбирање кај надлежните во министерството и во владата и дека сето ова е само еден погрешен потег или лош ден за министерката и владата во целост, бидејќи направиле само погрешна проценка и дека ова се приоритети и за учениците и за студентите и за кадарот, потенцираше Данев.

Top