петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 3 ново

Мугуруза лесно со справи со Рибарикова за второ финале на Вимблдон

Гарбине Мугуруза е првата финалистка на Вимблдон откако во првото полуфинале неочекувано лесно ја совлада Магдалена Рибарикова со убедливи 6-1, 6-1, за 64 минути игра. Во меч што воопшто не наликуваше на полуфинале на гранслем турнир, шпанската тенисерка ја декласираше својата противничка, од самиот почеток диктирајќи го темпото и доминирајќи буквално до последниот поен.

Шпанката фантастично го стартуваше мечот, за петнаесетина минути поведувајќи со 5-0. Ривалката од Словачка освои освои гел за веднаш потоа Мугуруза го доби сетот со 6-1, а потоа фуриозно го отвори и вториот дел, експресно поведувајќи со 4-0. Рибарикова спаси неколку брејк-топки и конечно освои гем за 4-1, за веднаш потоа шпанската тенисерка да освои уште два сервиса и триумф од преубедливи 6-1, 6-1.

Мугуруза во големото финале ќе се сретне со подобрата од второто полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Венус Вилијамс и Јохана Конта.

Top