четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 72 ново

Измени во правилата во НБА, намален бројот на тајмаути

Бордот на НБА лигата потврди дека бројот на тајмаути од 18 се намалува на 14, а времетраењето ќе биде 75 секунди, па нема да има веќе поделби на кратки тајм-аути од 60 и долги од по 90 секунди.

Според новото правило во секоја четвртина ќе има по два тајм-аути, а во последните три минути секоја екипа може да побара тајмаут. Паузата на полувреме ќе изнесува 15 минути.

Изведувачот на слободни фрлања не смее да излезе надвор од линијата за три поени меѓу две изведени слободни фрлања, одлучи бордот на НБА лигата.

Top