петок, 21 јули 2017 | Вести денес: 87 ново

Министерството за финансии презема иницијатива за Пејпал

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до Пејпал за да започне постапката за воведување на услугата „прием на пари” во Македонија преку платежниот сервис Пејпал.

Ова е заклучокот од вчерашната средба што се одржа во Министерството за финансии, а на која присуствуваа претставници од министерството, министерствата за економија и за информатичко општество и администрација и од четири банки во Македонија.

„Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку Пејпал“, стои во соопштението објавено денеска од страна на Логин системи, кои се иницијатори за воведување на Пејпал.

Top