понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 17 ново

Мицкоски: Либерализацијата на пазарот ќе ја поскапеше струјата за 20 проценти, Македонците плаќаат 2,5 пати поевтина струја од граѓаните на ЕУ

Секоја одговорна влада како примарна цел го има интересот на граѓаните. Во тој момент владата оцени дека доколку дојде до стопроцентна либерализација на пазарот на електрична енергија, а тоа не го направи спонтано туку врз основа на една темелна анализа која што во тој момент постоеше и со податоците кои што ги имавме на располагање и компарирањата кои ги направивме со земјите од ЕУ, донесе заклучок дека во овој момент ако ние дозволевме стопроцентка либерализација, тогаш граѓаните ќе плаќаа до 20 проценти поскапа електрична енергија, истакна генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на Топ Тема на Телма, говорејќи за либерализацијата на пазарот за електрична енергија во земјава.

– Само за илустрација, ако го анализирате просекот на цената на електричната енергија што граѓаните на Република Македонија го плаќаат во последните три години, 2014, 2015 и 2016 година, е за 2,5 пати помал од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ во истите тие години. Со други зборови, ние сме некаде околу 5 денари од киловат час, а тие се околу 12,5 денари по киловат час, додаде Мицкоски.

Top